Почетна ЕкономијаУЈП ЌЕ ЈА ПРОЧИСТИ И НАМАЛИ ЛИСТАТА НА ДОЛЖНИЦИ

УЈП ЌЕ ЈА ПРОЧИСТИ И НАМАЛИ ЛИСТАТА НА ДОЛЖНИЦИ

од nenad
1 минути читај за




Управата за јавни приходи ќе ја исчисти листата на фирми и граѓани кои и должат даноци на државата, најави првиот човек на Управата за јавни приходи Елена Петрова во гостувањето во поткастот „Каде се парите? со Горан Теменугов“. Според Петрова, од добар дел од фирмите кои со години, ако не и со децении се на листата должници, поради реални фактори не можат да се наплатат побарувањата. Таа додаде дека прочистувањето, односно бришењето од оваа листа ќе биде според јасни критериуми и нема да се остави простор за сомнеж дека може да се прави ова со цел да се скрие некоја фирма која е блиска до власта.