Хајди Клум повторно ја освои јавноста – овојпат не на црвениот тепих, туку среде улица во срцето на Њујорк!
Славната Германка, која на 51 година изгледа подобро од кога било, приреди мала модна магија што буквално ги остави случајните минувачи со подзината уста.
За потребите на снимањето, некогашниот супермодел одбра исклучително провокативен кафен коктел-фустан, кој ги истакна нејзините долги, вити и совршено затегнати нозе. Високите потпетици само го потенцираа ефектот – и сообраќајот застана!
Хајди маестрално ја носеше минијатурната тоалета со доза на самодоверба и грациозност, покажувајќи дека и на 52 години знае како да ја освои сцената – или барем улицата.
Иако фустанот имаше смел и невообичаен крој, таа вешто внимаваше да не открие повеќе отколку што треба. Но, сепак, доволно за да предизвика фото-хаос и восхит кај сите околу неа.
Поврзани објави
Случајните минувачи го зедоа мобилниот телефон во рекордно време – никој не сакаше да ја пропушти оваа неочекувана, заводлива улична ревија, во режија на една од најзгодните русокоси на планетата.
Фото: Инстаграм