Доколку сè уште ви останале варени јајца од Велигден, можете да ги искористите за овој ручек
Состојки:
- 500 г компир
- 3 варени јајца
- 2 свежи јајца
- 200 мл јогурт
- гранули лук
- кашкавал по желба
- сол, бибер, сув зачин
Приготвување:
Поврзани објави
Премачкајте тепсија со масло или маст. Исечкајте го компирот на листови, па посолете го, забиберете го, додајте малку масло и измешајте. На дното наредете половина од компирот, па исечкајте ги варените јајца на кругови и посолете ги. Одозгора ставете го преостанатиот компир.
Во чинија изматете јајца, додајте 30 мл јогурт, масло и млеко, па добро измешајте. Прелејте ја смесата врз компирот и изрендајте кашкавал одозгора. Запечете во рерна на 200 степени околу 50 минути.
ФОТО: Yolanda Djajakesukma / Unsplash