Почетна ЕкономијаФилипче: Златко Кузмановски во Демир Хисар отвора нова страница на развој и напредок

Филипче: Златко Кузмановски во Демир Хисар отвора нова страница на развој и напредок

од nenad
1 минути читај за

Во текот на граѓанската трибина во Демир Хисар, претседателот на СДСМ, Венко Филипче, ја изрази својата поддршка за кандидатурата на Златко Кузмановски за градоначалник на општината. Тој подвлече дека Кузмановски е најсоодветниот кандидат за остварување на програмата и визијата што СДСМ ја предлага за Демир Хисар.

“Верувам, и стојам одговорно зад тоа, дека Златко ќе ја води општина Демир Хисар чесно, со интегритет и со почит кон секој граѓанин. Тој ќе отвори нова страница за Демир Хисар, страница на развој, можности и напредок,“ изјави Филипче.

Филипче додаде дека Кузмановски е човек од народот, секогаш меѓу своите сограѓани, со разбирање за нивните потреби и предизвици.

“Кузмановски ќе биде секогаш на терен, достапен и подготвен да слушне и решава проблеми. Ја познава секоја мака на општината и има волја и план за справување со нив,” потенцираше Филипче.

Лидерот на СДСМ, Филипче, акцентираше дека на претстојните избори жителите не гласаат само за политичка партија, туку, како што рече, одлучуваат за иднината и наследството што ќе им го остават на своите поколенија.

“На деветнаесетти октомври, имаме можност да кажеме доста на лагите, на неправдата и на лажниот патриотизам. Има можност да избереме чесни луѓе, луѓе со интегритет кои ќе одговараат пред вас, граѓаните. Сите заедно да излеземе и да покажеме дека се бориме за нашиот дом – за Демир Хисар, за Македонија и за сигурна и просперитетна иднина,” заклучи Филипче.

бк/фото: СДСМ . Извор: МИА