По извршената достава на решенијата за даноци на приватни лица и компании во првата половина од годината, приходите се задоволителни, објавија денес од одделот за даноци и такси на Општина Куманово на прес-конференција.
“Процентот на наплата се движи од 33 до 34 проценти за назив на деловна просторија, 20 отсто од физичките лица платиле за данок на имот, додека кај правните субјекти наплатата е 42 проценти, што значи дека граѓаните по прием на решенијата веќе почнале да ја исполнуваат обврската.”
“Имаме предвид дека сега се и годишни одмори, очекуваме во наредниот период навремено извршување на обврската”, рече Фросина Краљевска, шеф на секторот.
Решенијата беа испратени на почетокот на годината. Граѓаните и компаниите кои не примиле решенија треба да аплицираат во канцелариите на секторот, преку патот од градскиот стадион.
“По дистрибуцијата на опомените за наплатените даноци за 2024-та зголемена е наплатата.”
“Данок на имот за физички и правни лица изнесува околу 70 до 75 отсто наплата и за назив на деловна просторија околу 50,6 отсто”, истакна Краљевска.
Оние кои добиваат решенија за два листа од исто семејство треба да поднесат барање во канцелариите на одделот за да се ажурира документацијата.
“Доколку утврдиме дека има двојно оданочување ние по службена должност истото го регулираме, меѓутоа доколку граѓаните утврдат односно добијат решенија за данок за недвижен имот, а истото гласи на родител и на син/ ќерка, слободно може да се обратат во нашите простории и веднаш ќе биде регулирано”, додаде Краљевска.
ам/ра
Фото: МИА
Извор: МИА