Првиот глобален бизнис на фолк ѕвездата: огромна заработка од концерти и стриминг
Фолк-пејачката Александра Пријовиќ ја заврши светската турнеја „Од исток до запад“ во декември 2024 година, со 63 концерта низ Европа и Америка. Според извори, таа заработи повеќе од 1,89 милиони евра од оваа турнеја.
На секој концерт, Пријовиќ наплатувала до 80.000 € за настап, а по одбивање на трошоците за тимот и организаторите, нејзината просечна нето заработувачка изнесувала околу 30.000 € по настап.
Дополнително, пејачката заработила околу 590.000 € од стриминг на музиката – од Јутјуб и Спотифај. На Јутјуб, песните од албумот „Девет животи“ надминаа 252 милиони прегледи, додека Спотифај оствари 31 милион преслушувања.
Поврзани објави
Турнејата, што започна во Белград на 28 септември 2023 година и заврши во декември 2024, беше историски успех – прва регионална артистка која продала турнеја од 63 концерта во сали како „Штaрк Арена“ и „Arena Zagreb“.
Покрај оваа спектакуларна заработка, Александра Пријовиќ стана симбол на деловен успех и нова фолк генерација. Со нетрпение се очекува дали ќе ја надмине оваа граница со нови албуми или концертна активност во 2025 година.
printskrin Youtube-prijovic nova rs