Доближете се до жуборот на реката и уживајте во егзотичен амбиент во ресторан Во Извор – Вевчани.
Добра храна и одличен амбиент е она што го нуди Во Извор, ресторан на самиот вруток- на Вевчанските извори. Вкусната пастрмка која може сами да ја уловите е еден од специјалитетите карактеристични за ова место.
За оние кои сакаат поинакви вкусови, ресторанот нуди домашни колбаси, Вевчанска тава како и димено месо кое сигурно ќе ве освои.
Поврзани објави
Особено ќе ви го задржи вниманието внатрешниот амбиент кој е спој на традиционалното и современето. Ресторанот располага со капацитет од 80 места преку зима, а 120 места преку летниот период.
Дали овој ресторан е следен на листата за посета?