Почетна Убавина и здравјеЈа покрила главата, а градите и интимата на мегдан! – Убавина и здравје

Ја покрила главата, а градите и интимата на мегдан! – Убавина и здравје

од nenad
1 минути читај за

Пејачката Чарли XCX ги изненадила присутните со својот стајлинг на црвениот килим

Британската пејачка Чарли XCX, чиј албум стана културен феномен минатото лето, ја понесе наградата за најдобар албум, за изведувачка на годината, за песна на годината, за најдобар танцов настап и за најдобра песна.

Пејачката издоминирала на доделувањето награди BRIT Awards 2025, но не само кога станува збор за наградите, туку и за стајлингот.

Имено, пејачката се одлучила за исклучително смела креација – проѕирен црн фустан што потполно го откривал нејзиното тело, додека под него носела само минималистички црни танга-гаќички.


Поврзани објави

Ова провокативно парче дополнително се истакнало поради својот необичен крој – фустанот имал проѕирна, набрана качулка што дала драматична и футуристична нота. Целосниот стајлинг го надополнила со класични црни салонки со шпицест врв, со што дополнително ја нагласила својата вита става.

Очекувано, Чарли се одлучила и за впечатлива шминка – темната сенка околу очите дополнително ѝ ги истакнале цртите на лицето. Нејзината долга, црна коса била стилизирана во форма на цврсти бранови кои ѝ паѓале преку рамениците, давајќи ѝ гламурозен и по малку мистериозен изглед.

На црвениот килим Чарли позирала со својот партнер, тапанар во бендот The 1975, Џорџ Даниел, кој изгледал елегантно во костим со линии.

ФОТО: Принтскрин Инстаграм