Table of Contents
Вистинскиот избор на гардероба може да го нагласи младешкиот дух, додека модните грешки можат да направат да изгледаме постаро
Изборот на облеката може значително да влијае врз тоа како се чувствуваме и како нè доживуваат другите. Меѓутоа, многу жени несвесно прават грешки во изборот на гардероба, поради што изгледаат постаро.
Еве неколку вообичаени модни грешки и совети како да ги одбегнете…
1. Премногу темни бои
Црната и другите темни бои се безвременски и елегантни, но кога доминираат во гардеробата, можат да направат лицето да изгледа бледо и уморно. Повозрасните жени би требало да внесуваат повеќе светли тонови, како пастелни бои, нежни беж или светлосиви нијанси, кои го освежуваат тенот.
2. Застарени кроеви и дизајни
Облеката со кроеви што не се веќе во тренд, како прешироките сакоа или предолгите здолништа, можат да додадат години. Модерните кроеви што ја следат линијата на телото, но не се претесни, се идеални за сите генерации. Одбирајте парчиња што ги следат моменталните трендови, но и се доволно неутрални за да траат неколку сезони.
3. Премногу формална облека
Секојдневното носење премногу формални парчиња, како што се деловните комплети или крутите костими, може да ве направат старомодни. Комбинацијата на лежерни и формални парчиња даваат младешки, лежерен изглед. На пример, деловното сако може да изгледа свежо со лежерни фармерки и бели патики.
4. Носење преголема облека
Облеката која е преширока или вреќеста може да ја сокрие вашата силуета и да направи да изгледате постаро и покрупно. Наместо тоа, одбирајте парчиња приспособени на вашата форма на тело, но кои не се претесни. Пронајдете рамнотежа помеѓу удобноста и стилот – благо струкираните капути или фустани со ремен визуелно ја издолжуваат и подмладуваат ставата.
Поврзани објави
5. Несоодветни модни додатоци
Модните додатоци можат комплетно да го променат вашиот изглед, но премасивниот накит или застарените додатоци можат да додадат години. Наместо тешки ѓердани и премногу формални чанти, одбирајте елегантни и дискретни парчиња – нежниот накит и модерните, помали чанти даваат софистициран и свеж изглед.
6. Несоодветни обувки
Обувките имаат клучна улога во тоа како ќе изгледате. Тешките, масивни обувки можат да ги сокријат нозете и да ја направат ставата покрупна. Наместо тоа, одбирајте елегантни модели со дискретна потпетица или едноставни патики што ги комбинираат стилот и удобноста. Чевлите со шпицест врв, на пример, можат визуелно да ги продолжат нозете и да дадат доза на елеганција.
7. Премногу слоеви
Слоевитоста честопати се користи како трик за оставање моден печат, но претераното надавање слоеви облека, можат да направат да изгледате визуелно потешки и постари. Обидете се да одбирате облека која е едноставна за комбинирање, но не е претерано слоевита, за да постигнете уреден и младешки изглед.
8. Одбегнувате облека што ја следи фигурата
Многу жени, со желба да сокријат одредени делови од телото, одбираат премногу широка облека што нема дефинирана линија. Тоа може да резултира со безживотен изглед. Клучот е во тоа да одбирате парчиња што ја следат вашата става и ги нагласуваат најдобрите делови од вашето тело, но кои ви се удобни и пријатни за носење.
ФОТО: Unsplash, Pexels