Астро предвидување…
Секој хороскопски знак е љубоморен на свој начин. Сепак, овие хороскопски знаци се познати по тоа што тешко се справуваат со несигурностите и често ги мачи прашањето за лојалноста на нивните партнери.
Скорпија
Нивната љубомора произлегува од длабоката страст и потребата за целосна контрола над ситуациите кои ги засегаат емотивно. Сакаат длабоко и интензивно. Кога сакаат, сакаат со целото свое срце и душа, па секој знак за можно неверство или предавство го доживуваат како закана за нивната емоционална сигурност.
Оваа страст често ги доведува до љубомора, бидејќи едноставно не можат да ја поднесат мислата дека партнерот дели интимност со некој друг. Тие сакаат да знаат сè што се случува и често ги анализираат ситуациите во нивната глава, барајќи знаци кои би можеле да укажуваат на неверство.
Поврзани објави
Бик
Љубомората на Бикот произлегува од длабока поврзаност со материјалната и емоционалната сигурност што сакаат да ја сочуваат по секоја цена. Кога сакаат нешто или некого, го сметаат за нивно и им е тешко да го споделат. Нивната љубомора често доаѓа од потребата да го заштитат она што е нивно, вклучително и партнерот.
Тие ја ценат стабилноста и сигурноста во врската. Биковите се знаци кои не сакаат промени. Кога ќе забележите нешто невообичаено во однесувањето на вашиот партнер, често реагираaт љубоморно, бидејќи се плашат дека оваа промена може да ја загрози нивната врска.
Лав
Лавовите често се љубоморни во врската. Нивната љубомора произлегува од стравот од губење на вниманието и статусот во очите на партнерот. Ако почувствуваат дека партнерот не ги цени или посветува внимание на некој друг, веднаш им се буди љубомората.
Кога нивната гордост се чувствува загрозена, љубомората е природна реакција. Тие не сакаат да го споделат своето место во срцето на партнерот со некој друг. Лавовите се природни заштитници и сметаат дека е нивна должност да го заштитат она што им припаѓа.