Почетна Убавина и здравјеЛесен рецепт за НАЈЗДРАВИОТ СЛАДОЛЕД кој некогаш сте го пробале

Лесен рецепт за НАЈЗДРАВИОТ СЛАДОЛЕД кој некогаш сте го пробале

од nenad
1 минути читај за

Уживањето во сладолед никогаш не било повкусно од кога ќе се спојат сочните банани и освежителните капини. Ова е вистинско уживање за сите љубители на летните задоволства. Еве како едноставните состојки може да се претворат во вкусен и здрав десерт…

Потребни состојки (за 2 лица):

6 банани (претходно сецкани и замрзнати)
2 лажици капини

Подготовка:

Поврзани објави

Ставете ги бананите и капините во блендер и измелете ги. Кога смесата ќе стане еднолична и кремаста, префрлете ја во сад за сладолед. Консумирајте веднаш по замрзнувањето.

Секој дел од капината (корен, лист, цвет и плод) е лековит и зазема многу важно место во исхраната и спречувањето на бројни болести: анемија, срцеви заболувања, тумори, а се користи и за зајакнување на имунитетот.

Капините се богати со органско железо, антиоксиданси (витамин Ц и бета-каротен), како и со фенолни соединенија кои во голема мера го спречуваат развојот на атеросклероза и кардиоваскуларни болести.

Поради високата содржина на калиум и низок натриум, капините се добри за регулирање на хипертензијата, а поради ниската содржина на јаглехидрати се корисни за луѓето со дијабетес.