Која била во право?
Сандра Африка важи за една од најголемите регионални музички ѕвезди. Ретко зборува за себе и за своето детство. Сепак тоа не е така кога се работи за професионалната кариера.
Во поткаст, меѓу другото стави акцент и на моментот кога соработувала со покојната Марина Туцаковиќ.
Мојата прва посета кај неа беше многу интересна. Ме познаваше малку од телевизија, а јас дојдов во кратки шорцеви, кратка маичка и со едни од најголемите штикли што сум ги имала… Влегов кај нејзе, а таа само ме скенираше и молчеше буквално половина час. Во еден момент ми рече: „Малку сум болна па пијам џин тоник“ – се присети Сандра.
Поврзани објави
Потоа додаде:
Тоа беше знак дека сака да ми напише текст. Во тој момент бев дете и веднаш скокнав да и објаснам што не сакам да пеам и што треба да ми напише. Тогаш за пример и дадов песна од колешката Гога – „Gaćice“. Само ми замавна со рака, во стилот „ќути дете, ништо не знаеш“.
Фото: Инстаграм
ПОВЕЌЕ ДЕТАЛИ ПОГЛЕДНЕТЕ ОВДЕ: