Јелена Карлеуша уште еднаш го воодушеви светот…
На општо задоволство на обожавателите, пејачката Јелена Карлеуша пред два дена го објави спотот за песната „Бенга“ кој доживеа неверојатен успех!
Имено, оваа песна се појави на албумот на Јелена „Алфа“, кој го издаде пред околу една година, но изгледа падна во сенка во морето на други песни.
Но, „Бенга“ одеднаш заживеа, го освои и регионот и светот, а целиот албум „Алфа“ повторно се искачи на врвот на топ-листата „Србија Епл мјузик“.
Сега Карлеуша објави уште една шокантна информација, а тоа е дека споменатата трака моментално се наоѓа на 113 место во светски ранг!
Поврзани објави
Инаку, спотот за песната „Бенга“ е еден од најдобрите спотови на Јелена, а многумина коментираат дека таа повторно го донесе светот на српската музичка сцена, а на регионалните пејачи им даде домашна задача!
Како изгледа спотот за споменатата песна можете да погледнете во видеото подолу.
Фото: Инстаграм