Почетна Убавина и здравје„Сè уште сум секси и нема да се извинувам поради тоа“ – Убавина и здравје

„Сè уште сум секси и нема да се извинувам поради тоа“ – Убавина и здравје

од nenad
1 минути читај за

Мексиканската ѕвезда верува дека е време за промени и повеќе можности за актерките од сите генерации.

Актерката Салма Хаек не се откажува од борбата против предрасудите во филмската индустрија, зборувајќи против сексизмот, староста и стереотипните портрети на жените на големото платно.

Мексиканската ѕвезда верува дека е време за промени и повеќе можности за актерките од сите генерации.

Салма Хаек отсекогаш била отворена за дискриминацијата што ја доживеала во Холивуд поради нејзиното потекло, пол или возраст.

Актерките, особено оние над 40 години, често се соочуваат со ограничен избор на улоги, додека машките колеги на иста возраст продолжуваат да играат романтични херои и главни улоги.

Бев „таа секси-девојка“, но фала му на Бога, годините ми дадоа можност да истражувам нови територии. Сепак, сè уште сум привлечна и гордо го прифаќам стареењето“, изјави Хаек во интервју за „Marie Claire“, и додаде:


Поврзани објави

Кога бев помлада, ги гледав постарите актерки и мислев: „Нема шанси да преживеам во оваа индустрија бидејќи ќе престанат да ми даваат улоги“. Среќна сум што сè уште сум тука“.

Таа верува дека промената треба да дојдат однатре – од продуцентите, режисерите и сценаристите кои ќе сакаат да ги прикажат жените во различни фази од нивниот живот на автентичен начин.

Видео и фото: Инстаграм