Во месецот на жената, целосниот фокус ни е токму жената. Како преостанатите изданија во годината да имаат некој друг фокус?!
За нас, секогаш сè е во врска со жените и со темите што нè засегаат. Но во месец март секогаш сакаме да се потсетиме дека, играјќи ги сите улоги кои жената ги има во модерното општество, ја забораваме најважната – да се грижиме за себе.
Од мали читаме бајки во кои „принцезата“ ја спасува принцот и растеме со убедувањето дека секогаш кога не ни е добро во некоја ситуација, принцот или некој треба да нè спаси. А вистината е веројатно дека од мали би требало да се обврземе да се грижиме за себе онолку колку што се грижиме за сите луѓе што најмногу ги сакаме.
Така ќе им олесниме и на саканите да не мораат тие да нè спасуваат од ситуациите во кои ние треба да се погрижиме за себе. Интересна е дилемата кога грижата за себе преоѓа во себичност и до каде треба да се жртвуваме во име на луѓето и нештата што се дел од нашиот живот (стр. 38). Амбицијата и професијата не е нешто за што жената треба да се извинува. На крајот на краиштата, самоостварувањето е природна човекова потреба, која настапува на највисокото скалило откако ќе се задоволат сите преостанати потреби од поосновните скалила.
Некогаш задоволувањето на оваа потреба доаѓа со жртви и одрекувања, но некои жени, можат сè. Во овој број нè инспирираа жените кои се професионално успешни во професии во кои ретко среќаваме жени (стр. 32), но и Викторија Лоба, која иако е препознатлива по својата нежност како принцезите од бајките, во суштина е исклучително своја и силна жена (стр. 25).
Затоа не треба да судиме според кориците, туку секогаш да допреме до суштината за да избегнеме недоразбирања.
Клучот за надминување на сите недоразбирање и квалификации што ги добиваме од околината е во комуникацијата. Иако, веруваме дека сме експерти на тоа поле, сепак се работи за наука, и секогаш е да откриваме нови увиди кои се базираат на истражувања и ќе ни помогнат многу поуспешно да комуницираме и да ги менаџираме односите со околината и, секако, со саканите (стр. 82).
За крај на ова писмо, имам една идеја, која штотуку ми текна поради темата за самогрижа и ова ПИСМО на уредничката. Имено, што би си кажале себеси во едно писмо адресирано до себе?
Колку и дали доволно се грижиш за себе? Дали би морала да си се извиниш поради отстапките кои ги правиш, па и да си ги објасниш зошто тоа е токму така или гордо ќе си се потсетиш дека сè е онака како ти сакаш да биде?
Каков и да е одговорот, секогаш има место за подобрување, на крајот на краиштата, оптоварени со комуникацијата со околината, забораваме на дијалогот со себе.
Ве сакаме,
Јована Стојменовиќ, главна и одговорна уредничка на „Убавина и здравје“.
Во продолжение, ви ги претставуваме темите што ќе ги прочитате во новиот број на „Убавина и здравје“.
У&З тренд
11 НОВ изглед
12 Тикток-трик што ќе ви заштеди пари
14 Љубов на Вајбер
16 Апсолутен моден хит
18 Фитнес-револуција
20 Дали сте склони на одбегнување?
22 Што да гледате во март?
У&З жени
26 Викторија Лоба: Се фокусирам на тоа што го имам
32 Д-р Симона Патчева Грујевска: Емпатија, љубов и фокус
34 Ивана Шекуткоска: Добрата организација е клучна
36 Жаклина Андоноска: Промената е бавна, но не е безнадежна
Поврзани објави
40 Владо Георгиев: Време на капитулација
Убавина и стил
43 Ѕвезди на убавината
60 Стоп за подочниците
64 Фризури и шминка од црвениот тепих
68 Кожата на главата и првутот
72 Едно парче – четири комбинации
74 Андријана Илиоска: Зад сцената на високата мода
76 Што (не) сакам кај себе: Алмедина Исмајли
Вити и здрави
78 Која е иднината на здравјето?
81 Уринарна инконтиненција: не дозволувајте животот да застане
82 Револуција во комуникацијата
У&З живот
85 Спа-патувања во соседството
90 Суперхрана за супер ТИ!
94 Кога заминувате и ги оставате милениците
95 Ах, Марија!
96 Ана Стојаноска: Театарот е уметност на мигот
98 Огнен Здравковски ни одговори на прашањето што го прави среќен
Колумни
38 Жана Базби: Биди хероина на својот живот
42 Марија Лукаревска: И „оскарот“ оди кај…
НА НАСЛОВНАТА: Викторија Лоба
ФОТО: АНТОНИО СТАНКОВ