Почетна Убавина и здравјеДанделион СПА во Скопје Мериот хотел е вашата дестинација за совршено блескава кожа

Данделион СПА во Скопје Мериот хотел е вашата дестинација за совршено блескава кожа

од nenad
3 минути читај за

Во светот на убавината и негата, кожата секогаш го добива најголемото внимание, затоа што негувано лице е најдобриот додаток што една жена може да го носи.

Негата на кожата е од суштинско значење за одржување на здрав и младешки изглед, а лицето како наша визит-карта, бара неопходна квалитетна нега која не само што го подобрува физичкиот изглед, туку и ја зголемува нашата самодоверба и чувството на женственост.

Единствено со редовна и соодветна грижа, може да ја спречиме појавата на брчки и други знаци на стареење. Одржувањето на кожата хидрирана, еластична и здрава, особено е битно во летниот период.

Совет за каква дневна нега е неопходна, каква крема треба да користиме, дали и какви третмани се добредојдени, како и други препораки за одржување на кожата за време на летните месеци, побаравме од Ања Лубарда Вангелова, која има дваесетгодишно велнес-искуство, а без малку десет години работи во Данделион Спа во Скопје Мериот хотел. Според неа, високите температури, сонцето и влажноста, значително влијаат на кожата, а особено делуваат на прекумерно лачење на себум од лојните жлезди, што пак предизвикува акни и иритирана кожа.

Сето тоа може да влијае на зголемена осетливост на кожата и таа може да стане особено сува. Од тие причини, неопходен е правилен третман кој треба да се базира на рутина која првенствено ќе ѝ помогне на кожата во одржување на нејзината влажност и заштита од надворешните влијанија.

Неопходно е темелно чистење на кожата на дневна основа, базирано на препарати кои длабински ги чистат порите, го раствораат вишокот на себум и ги отстрануваат мртвите клетки. Таквиот третман не ја оштетува заштитната хидро-липидна бариера која особено е важна за задржување на водата во внатрешноста на кожата и со тоа се обезбедува оптимална хидратација“, појаснува Лубарда Вангелова, која препорачува задолжителен и редовен, нежен механички или хемиски пилинг, бидејќи тие не предизвикуваат фотосензитивност.


Поврзани објави

Кога станува збор за избор на крема во летниот период, потребно е да се користат оние со нежна структура, не мрсни и тешки, туку креми богати со хијалуронска киселина, бидејќи според Лубарда Вангелова, тие обезбедуваат хидратација во текот на целиот ден.

Според неа, покрај дневната соодветна рутина, естетските третмани се дополнителна гаранција дека кожата ќе остане здрава и блескава и покрај штетните влијанија за време на летниот период. Со оглед на вашето долгогодишно искуство, какви третмани препорачувате?

Од исклучителна важност е да се користат персонализирани третмани на врвни спа брендови базирани на најновите технологии. Јас го препорачувам третманот со TheraFace Pro, кој е докажан сојузник за блескава кожа со долготрајни резултати. Тој се вбројува во најновите светски трендови за грижа и убавина на лицето, клинички е докажан и го подобрува сјајот, текстурата и целокупното здравје на кожата и што е најважно, дава природен сјај и здрав изглед“, вели Лубарда Вангелова.

Третманот се изведува со мултифункционален и уникатен TheraFace Pro апарат кој што е  соодветен за различни типови на кожа и се прилагодува на индивидуални потреби на секој клиент обезбедувајќи му персонализирана нега. Користењето на TheraFace Pro третманите имаат максимална ефективност и ефикасност, резултатите се видливи за кратко време и даваат долгорочен ефект што го прави овој уред незаменлив при рутината за негувана кожа.

Придобивките од овој третман за совршено блескава кожа може да се почувствуваат во Данделион Спа во Скопје Мериот хотел. На вашето лице ќе му подарите здравје, а кожата ќе ви биде вечно благодарна.

Текст и фото: ПР