Почетна ЕкономијаСтранските компании со 4,7% од фирмите, но со 37% од бруто-додадената вредност

Странските компании со 4,7% од фирмите, но со 37% од бруто-додадената вредност

од nenad
1 минути читај за

Иако странските компании сочинуваат само 4,7 отсто од активните претпријатија во Македонија, тие вработуваат повеќе од 105.000 лица и учествуваат со 37 отсто во вкупната бруто-додадена вредност.

Најголем дел од вработените се во преработувачката индустрија, трговијата и секторот за информации и комуникации.

Меѓу најголемите странски работодавачи се компаниите од автомобилската индустрија во ТИРЗ, каде што бројот на вработени во најголемите фабрики достигнува неколку илјади. Значаен број работници имаат и големите телекомуникациски и енергетски компании со странски капитал.

Платите значително се разликуваат според дејноста и квалификациите. Највисоки примања имаат вработените во ИТ и аутсорсинг-секторот, додека кај производствените позиции платите се пониски.

И покрај забавувањето на дел од индустријата и намалените нарачки во автомобилскиот сектор, масовни отпуштања не се очекуваат. Компаниите почесто се одлучуваат за ограничување на новите вработувања, особено поради недостигот на работна сила.

Најголем дел од странскиот капитал во Македонија доаѓа од европски земји, а меѓу најзначајните инвеститори според учеството во додадената вредност се Австрија, Холандија, Германија и Обединетото Кралство.