Почетна ЕкономијаДУИ: Волјата на албанскиот народ и заедниците не е играчка што му припаѓа на ВМРО

ДУИ: Волјата на албанскиот народ и заедниците не е играчка што му припаѓа на ВМРО

од nenad
1 минути читај за

Од партијата велат „за скандалозниот израз `Ахмети да престане да се однесува како палаво дете кое плаче за играчка која не е негова`, на ВМРО-ДПМНЕ треба да им биде јасно дека Владата не е играчка во нивни и ничии раце и кршењето на волјата на суверенот е антидемократски чин и против Охридскиот договор“.

   

„Демократската унија за интеграција останува доследна на својот став за почитување на гласот на албанскиот народ и другите етнички заедници, бидејќи тоа е единствената гаранција за стабилност и прогресивен континуитет на земјата.Оваа земја е заедничка и секој треба да придонесе за здрави меѓуетнички и меѓусоседски односи, како и партнерство со Соединетите Американски Држави.Никој да не мисли дека народот ќе дозволи враќање назад од започнатиот пат на еднаквоста и европскиот пат!Целосниот изборен и демократски легитимитет и кредибилитет му припаѓа на Европскиот фронт и безусловното вазалство на губитниците е предодредено да пропадне бидејќи ја нема поддршката од народот“ потенцираат интегративците.