Почетна Убавина и здравје„Кармо, наплати им брзо и скапо!“ (ФОТО) – Убавина и здравје

„Кармо, наплати им брзо и скапо!“ (ФОТО) – Убавина и здравје

од nenad
1 минути читај за



Пејачката остро реагираше на однесувањето на скопјанка која фрлала отпад во реката, а случајот доби и полициски епилог.

Сара Мејс реагираше на видеото кое предизвика низа реакции на социјалните мрежи, а на кое се гледа жена како фрла отпад во реката Лепенец во Скопје. Пејачката и харфистка ја сподели снимката на својот Инстаграм-профил, изразувајќи револт поради однесувањето.

Ццццц… Срам те било!!!! Уште горда на себе, чао вика лабаво демек и што сега… Кармо, наплати им брзо и скапо“, напиша Мејс, коментирајќи ја сцената која брзо се прошири низ медиумите и социјалните мрежи.

На снимката се гледа како жената го запира автомобилот „порше“ на улицата „Скупи“, во близина на мостот на Лепенец, излегува од возилото и фрла отпад во реката. Пред да замине, таа му мафта на лицето кое ја снима случката. Локацијата се наоѓа во близина на вливот на Лепенец во Вардар.

Фото: Принтскрин / Инстаграм

Случајот набрзо доби и полициски епилог. Од МВР соопштија дека жената е идентификувана како 38-годишната М.И.Б. од Скопје и дека била повикана во Полициската станица Карпош, каде што бил извршен службен разговор. По документирањето на случајот, ѝ бил издаден платен налог согласно Законот за јавна чистота поради фрлање амбалажа надвор од определените места, како и уште еден налог според Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата поради непрописно паркирање.

Фото: Фејсбук