По објава за разводот како тежок удар за децата, Вељко Ражнатовиќ јавно демантираше дека се разведува од сопругата Богдана.
Откако на својот Инстаграм профил сподели видео од свештеник кој зборува за разводот како „најтежок удар за децата“, боксерот Вељко Ражнатовиќ предизвика лавина реакции. Многумина се запрашаа дали во неговиот брак со Богдана Ражнатовиќ нешто не е во ред, што го натера јавно да се огласи.
Сто луѓе ме бараа да прашаат дали се разведувам. Боже, прости им, не знаат што зборуваат! Објавив нешто со кое се согласувам – дека разводот е ужасен за децата, а не дека јас се разведувам. Јас никогаш нема да се разведам“, порача Вељко преку Инстаграм.
Поврзани објави
Боксерот истакна дека има хармоничен брак со Богдана, со која има три сина. Двојката живее во Тител, каде Вељко во дворот изградил ринг за да тренира, а истиот веќе го користи и нивниот најстар син Жељко, кој почнал да спарингува со другарчиња.
Со оваа објава, Ражнатовиќ сакаше да стави крај на шпекулациите и уште еднаш да покаже дека го цени семејниот живот и традиционалните вредности.
printskrin Youtube-meridijan veljko raznatovic