Веќе некое време се шпекулира за разводот на Марија Микиќ и нејзиниот сопруг Јован Пантиќ. И додека таа не зборува за тоа, обожавателите бараат причина да најдат потврда или демант.
Неодамна, Марија беше на свадбата на нејзината најдобра пријателка, а во таа прилика не објави никакво видео со својот сопруг Јован. Таа направи серија фотографии на кои покажува како се подготвувала за оваа церемонија и тогаш обожавателите забележаа еден детаљ.
Поврзани објави
Како што многумина забележале, а потоа и коментирале, Марија не го носи венчалниот прстен, па многумина мислат дека ова е доказ дека разводот е навистина на повидок.
– Каде е венчалниот прстен? – било едно прашањата под нејзината објава, а пејачката не одговорила ниту на ова.
Покрај тоа, имаше коментари дека е убава како ангел и дека е пример за многумина.
Фото: Инстаграм Принтскрин https://www.instagram.com/p/DLch-PUoBMZ/?utm_source=ig_embed&utm_campaign=loading