Доколку барате рецепт за вкусни и нутритивно богати вегетаријански бургери – го најдовте!
Состојки (за 5 бургери):
- 1 конзерва од 400 г црвен грав
- 100 г сомелено семе од тиква
- 90 г овесни снегулки, иситнети
- 1 главица виолетов кромид
- 1 среден морков
- 1/3 помал корен од целер
- 3 чешниња лук
- 1 полно лажиче мешан зачин
- малку сол, по вкус
- 2 супени лажици соја-сос
- 1 супена лажица црвен лут сос
Приготвување:
Исцедете го и измијте го гравот. Испасирајте го со виљушка, но внимавајте да не претерате. Во ред е ако смесата е неизедначена, со парчиња грав, не треба да добиете пире од грав.
Сомелете го семето од тиква. Изрендајте морков, лук и целер на најситното ренде. Ситно исечкајте го кромидот.
Поврзани објави
Измешајте ги сите состојки, додајте зачини и сосови и згмечете ја смесата со раце. Пробајте и додајте уште зачини по вкус. Смесата треба да е цврста и лесна за обликување, а да не се лепи. Доколку смесата е помека, додајте уште овесни снегулки.
Оставете ја смесата 30-тина минути во фрижидер за да се спојат вкусовите и да се стегне.
Потоа, формирајте плескавици и испечете ги. Можете да ги печете на грил-тава со масло или во рерна.
Послужете ги плескавиците во меки лепчиња, со сенф, авокадо и лут барбикју сос. Можете да додадете и свеж зеленчук или закиселен кромид. Добар апетит!
ФОТО: Lefteris kallergis / Unsplash