Почетна ЕкономијаСрбија зема заем од 1,9 милијарди евра за набавка на 12 авиони „Рафал“

Србија зема заем од 1,9 милијарди евра за набавка на 12 авиони „Рафал“

од nenad
1 минути читај за

Србија договори заем во вредност од 1.921.500.000 евра со повеќе француски банки и финансиски институции за исплата на 12 авиони „Рафал“ и поврзани производи и услуги, објави Форбс/Србија.

Овој заем е разгледан во предлог-законот за потврда на кредитните аранжмани, кој е достапен на веб-страницата на Српското собрание. Според Законот за јавен долг, Собранието на Србија е должно да го потврди државното задолжување.

На 29 август 2024 година, владата, преку Министерството за одбрана, склучи спогодба со „Дасолт Авијација“ за набавка на 12 авиони „Рафал“ и соодветни производи и услуги. Вкупната цена за набавка на опремата и услугите кои треба да ги изврши продавачот, согласно комерцијалниот договор, изнесува 2.745 милиони евра. Веќе е уплатен износ од 30 отсто од таа сума.

Кредитниот аранжман, како што е наведено, ќе биде реализиран преку директни плаќања кон продавачот за стоки и услуги кои ќе бидат доставени и извршени во согласност со комерцијалниот договор.

Неколку француски банки и кредитни институции се наведени како оригинални заемодавци. Bred Banque Populare учествува со сума од 163.327.500 евра, додека корпоративната и инвестициска банка „Кредит Агрикол“ и „Кредит Индустриел и Комерцијал“ учествуваат со по 345.870.000 евра. Од „Кредит Лион“ се очекува заем од 163.327.500 евра, а „Сосиете Женерал“ ќе обезбеди заем од 422.730.000 евра. Тука е и „Натиксис“ со удел во кредитот од 480.375.000 евра.

Договорена е примена на варијабилна каматна стапка. “Се базира на шестмесечниот Еурибор, зголемен за применливата фиксна маргина од 0,98 проценти годишно”, наведува Фобрс/Србија.

зш/ фото ЕПА