Почетна ЕкономијаПревентивни активности на МВР за заштита од имотни деликти, за превенирање инциденти на спортски натпревари…

Превентивни активности на МВР за заштита од имотни деликти, за превенирање инциденти на спортски натпревари…

од nenad
1 минути читај за

Полициски службеници од Секторите за внатрешни работи Тетово и Штип во текот на вчерашниот ден реализираа повеќе превентивни активности од области важни за локалната заедница и генерално од општ јавен интерес.

Како што информира денеска МВР, на подрачјето на СВР Тетово беше спроведена активност за превенција од имотни деликти (кражби и измами), со акцент на информирање на граѓаните за начините за заштита од имотни деликти и за неопходноста од благовремена комуникација со полицијата за побрзо расчистување на случаите.

На подрачјето, пак, на СВР Штип, Отсекот за превенција при СВР Штип пред спортската сала на ОУ „Тошо Арсов“ и Градскиот стадион во Штип спроведе превентивна активност во рамки на проектот „Да навиваме спортски и безбедно“.

Од МВР посочуваат дека во текот на активностите биле поделени и летоци со едукативна содржина, а на граѓаните им било укажано дека не смее да се истакнуваат транспаренти, знамиња и други предмети со текст или слики што поттикнуваат омраза и насилство и дека за својот клуб треба да се навива спортски.

На граѓаните им биле презентирани и основните законски одредби за спречување на насилство и недостојно однесување на спортски натпревари. мд/Фото: МВР     .

Извор: МИА