25
На средба со претседателот на Уставниот суд на Република Турција, Кадир Озкаја, заедно со колегите пратеници бевме запознаени со структурата, надлежностите и меѓународната соработка на највисокото правно тело за уставна ревизија во Турција, кое ја испитува уставноста на законите и уредбите кои имаат сила на закон. Стана збор и за добрата соработка со Уставниот суд на Република Северна Македонија.