На 5 октомври, превозот на патниците во јавниот градски превоз ќе биде бесплатен поради oвогодинешното издание на „Бела ноќ“. Превозот ќе биде бесплатен од 18 до 2 часот по полноќ. Јавно сообраќајно претпријатие Скопје информира дека во недела на 6 октомври од 7 до 14 часот поради одржување на „Виз Ер скопскиот маратон“, дел од автобусите ќе сообраќаат по изменет режим од вообичаениот, а дел воопшто нема да се вклучат во сообраќај.
Учесници на денот на маратонот ќе можат бесплатно да го користат јавниот превоз со приложување на стартниот број (маица). Во период од 7 до 14 часот нема да сообраќаат линиите: 3, 3Б, 4, 4А, 9, 16, 22А, 24, 25, 59Б.
Линии со непроменета траса:
Градски линии: 2, 2А, 8, 12, 19, 20, 45, 59 и 65В.
Приградски линии: 11, 11а, 18, 32, 47, 47а, 52, 53, 55, 56, 56а, 60, 61, 63, 63а, 63б, 65, 65а, 65б, 66, 66а, 68, 71, 74, 81 и 162.