Почетна ТехнологијаКумановец лишен од слобода, оружје пронајдено при претрес на домот – МАКТЕЛ

Кумановец лишен од слобода, оружје пронајдено при претрес на домот – МАКТЕЛ

од nenad
1 минути читај за

Млад кумановец бил приведен, откако оружје било пронајдено при претрес во неговиот дом. Како што информираше денеска Министерството за внатрешни работи, вчера во 6:15 часот од слобода бил лишен 21-годишниот М.В. од Куманово. – При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени воздушна пушка калибар 5.5, воздушна пушка калибар 4.5, куршум од девет милиметри, една кутија дијаболи, пиштол „екол“ калибар 4.5 и пиротехнички средства, се наведува во соопштението.

Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот, како што најавија од МВР, против него ќе следува соодветна пријава.