Процесот бил многу едноставен
Не можеле да си дозволат шик дом во скандинавски стил, па одлучиле самите да си го направат со мал буџет.
Оваа љубовна двојка го трансформирала својот викторијански имот од 1800-тите во дом во скандинавски стил за само 10.000 евра – и сето тоа го направиле сами.
Хана Хемсберген е графички дизајнер по професија, додека нејзиниот партнер Оливер Маршал е инженер. Со оглед на тоа што немале доволно парични средства за да си го дозволат овој дом, решиле да купат стара, срушена куќа и да ја реновираат.
Во 2018 година се преселила во трошна викторијанска куќа со три спални соби на тераса изградена во 1880 година.
„Јас и мојот партнер ја завршивме целата работа. Единствената помош што ја имавме е тоа што градежник ни вгради челична греда во кујната за поголем прозорец и малтер.
Се обидовме повеќето од работите да ги завршиме сами за да заштедиме, но и затоа што уживаме во нови проекти.“
Двојката започнала со спалните соби, со пребојосувањето на ѕидовите и брусењето на подовите за да се добие нова завршна обработка.
За да потрошат многу, двојката го купила мебелот од Facebook Marketplace и од хуманитарни продавници за украсување простор. Одбрале предмети во беж нијанси, како и бели и сиви, за да добијат скандинавска атмосфера.
Поврзани објави
Подот во дневната соба бил комплетно уништен, па морале да го извадат и да вградат паркет од полно дрво, купен од И-беј.
Во кујната вградиле нов прозорец за да имаат повеќе светлина.
Исто така, ги покриле ѕидовите и подот, додавајќи нови полици и украсни делови во просторот.
За дворот, тие едноставно им дале нова боја на старите ѕидови од цигла и ставиле нова дрвена врата.
Потоа, го украсиле просторот со бајковита светлина, килими и дрвени столици.
Погледнете ги фотографиите од трансформацијата на нивниот дом ТУКА.
ФОТО: Инстаграм @harnhamhouse