Почетна Убавина и здравјеТаа е една од 14-те луѓе на светот што се родени со оваа состојба! – Убавина и здравје

Таа е една од 14-те луѓе на светот што се родени со оваа состојба! – Убавина и здравје

од nenad
2 минути читај за

Мајката занемела од шок кога го родила бебето со најшироки усни

Кристина Веркер и Блејз Муч се австралиски брачен пар – имаат ќеркичка Ајла Самер и синче Сони Каи. Денес живеат среќен и исполнет живот без многу проблеми, но кон крајот на 2021 година поминале низ голема драма. Имено, Кристина тогаш го родила нивното прво дете, малата Ајла. Иако на ултразвукот изгледало дека сѐ е во ред и девојчето навистина било сосема здраво кога се родило, сите се изненадиле од нејзиниот изглед. Таа била родена со состојба што лекарите не можеле веднаш да ја разберат.

„Кога докторите ми го дадоа бебето, ми кажаа дека има само 14 такви луѓе на целиот свет – ме шокираше нејзиното лице“, се присетила мајката.

Кога докторите им ја предале Ајла на новите родители, и двајцата се изненадиле од широките усни на своето бебе – тоа изгледало како постојано широко да се насмевнува.

Состојбата на бебето била толку необична што медицинските работници им кажале дека никогаш не виделе нешто слично. Набрзо било утврдено дека девојчето има билатерална макростомија, исклучително ретко нарушување при кое границите на усните не се споиле правилно во текот на формирањето во матката.

„Во тој момент тоа беше многу очигледно, бидејќи Ајла беше многу ситна. Се шокиравме и се загриживме. Ни јас ни Блејз не знаевме дека постои ваква состојба и никогаш не сме сретнале никој што е роден со макростомија. Па така, тоа беше голем шок“, истакнала Кристина.


Поврзани објави

Инаку, едно истражување покажало дека има само 14 пријавени случаи како оној на Ајла. Токму затоа, на докторите им требало време за да стигнат до вистинската дијагноза.

„Сето ова беше уште пострашно бидејќи на докторот му требаа неколку часа за да ни даде одговор. Во болницата не знаеја доволно за толку ретка состојба. Како мајка, размислував само за тоа дали некаде сум погрешила за време на бременоста“, раскажала Кристина, која по неколку дена правење генетски тестови, добила информација дека проблемот бил комплетно надвор од нивна контрола.

Оваа карактеристика на Ајла не била само едноставен проблем од естетска природа – таа придонела детето да има проблем и при хранењето и задржувањето храна во устата. Поради влијанието што го има врз функционалноста на лицето, на пациентите со макростомија им се препорачува операција за да можат да извршуваат нормални дневни активности.

Малата Ајла на крајот била успешно оперирана, а неодамна наполнила две години и навистина е прекрасно и симпатично девојче. Мајка ѝ Кристина редовно споделува нејзини фотографии и видеа на социјалните мрежи и добива голема поддршка од следбениците.

ФОТО: Инстаграм @cristinakylievercher_