Почетна Убавина и здравјеСи создал своја идила среде шума! – Убавина и здравје

Си создал своја идила среде шума! – Убавина и здравје

од nenad
2 минути читај за

Мет живеел како бездомник, но потоа направил своја идила и место што може да го нарече свој дом

Поминал три години како бездомник, преживувајќи од остатоци од храна. Денес живее комплетно поинаку.

Мет, 34-годишен заварувач, неодамна на социјалните мрежи ја открил својата неверојатна животна трансформација. Три години поминал како бездомник, талкајќи низ градските улици и преживувајќи од остатоци од храна од канти за ѓубре и од народни кујни. Денес живее сосема поинаку – во дрвена куќа што сам ја изградил среде шума.

Иако куќата на Мет на прв поглед изгледа како едноставна шупа за алат, ентериерот е изненадувачки удобен. Куќата има водоводни и електрични приклучоци, туш, тоалет и комплетно опремена кујна со фрижидер, мијалник и работна површина. Спалната соба има кревет на развлекување, покрај кој се наоѓаат машина за перење и сушење алишта. Целиот дом е добро изолиран, за што Мет, како што вели, со години сонувал.

Мет се огласил на социјалните мрежи за да го покаже својот дом во видео кое брзо станало вирално. Неговата објава собрала повеќе од 15,5 милиони прегледи и стотици коментари.

„Луѓето ќе ја видат надворешноста и претпоставуваат дека животот овде е очаен и неудобен, па честопати се изненадуваат кога ќе ја видат внатрешноста“, напишал Мет.


Поврзани објави

Видеото прикажува минималистички, но функционален дом кој овозможува мир и независност.

@mattg326 People see the outside and assume it’s rough in here. Here’s what surprises them. #shedlife #tinyhomegoals #homemadehome #minimalistliving #shedconversion #diyhome #creatorrewards #firsthome #offgridliving #vanlife #rv #homesteading ♬ love nwantinti (ah ah ah) – CKay

Коментарите од следбениците само се нижат. Многумина се воодушевени од креативноста и удобноста што ја постигнал Мет, додека други ја посочуваат реалноста на современите финансиски услови: за многумина, таквата дрвена куќа е единственото достапно решение моментално. А некои дури и истакнуваат дека едноставната куќа на Мет е вистинска идила во споредба со скапите архитектонски соништа на другите луѓе.

А Мет размислува и за иднината.

„Првото нешто што сакам да го направам е да инсталирам печка и што побрзо да ја ставам во употреба. Тоа е нешто за коешто можев само да сонувам пред многу години“, рекол тој.