Уште еден доказ за скромноста на вредните Јапонци
Богатиот токиски архитект Такеши Осака направил нешто многу својствено за Јапонците – создал чудо. Тој среде вревата во Токио, успеал да си направи вистинска мала оаза, опкружена со десеткатници, која му гарантира приватност и мир.
„Ми беше предизвик да создадам нешто специјално, како на пример функционални 19 квадрати, во кои ќе можеме да живееме јас и сопругата“, изјавил Осака покажувајќи го своето ремек-дело, малата куќичка.
Изградена на само 31 метар квадратен во централниот округ Бункио во Токио, оваа градба е необична според сите параметри. Таа има доволно светлина, приватност и уникатност.
Осака и неговата сопруга во нивниот мал дом можат да уживаат во функционална и модерна кујна, да се занимаваат со своето хоби и да живеат со полни гради во центарот на најдинамичниот град во светот.
Поврзани објави
Интересно е што нивната дневна соба излегува директно на шеталиште. Такеши има навика да си земе столче и да седне пред својата куќа, додека луѓето минуваат покрај него.
Погледнете како изгледа овој неверојатен дом во видеото во продолжение…
ФОТО: Принтскрин Јутјуб