Почетна ЕкономијаВо домот на судија од Апелациониот суд Скопје биле пронајдени околу 350.000 евра скриени во ѕид

Во домот на судија од Апелациониот суд Скопје биле пронајдени околу 350.000 евра скриени во ѕид

од nenad
1 минути читај за

При претрес извршен по налог на надлежен суд, во домот на судија од Апелациониот суд Скопје биле пронајдени околу 350.000 евра во готово, кои, според информациите, биле скриени во ѕидна преграда. Случајот го потврдија надлежните институции, посочувајќи дека претресот е извршен во рамки на предистражна постапка.

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека паричните средства се одземени, а за случајот е известено и Јавното обвинителство, кое ќе утврдува потекло на парите и евентуална поврзаност со кривични дела. Во моментов не се соопштуваат повеќе детали, со оглед на чувствителноста на постапката.

Надлежните најавуваат дека истрагата продолжува, а јавноста ќе биде дополнително информирана откако ќе бидат завршени проверките.