Кога видовме дека го влече музиката, го префрливме во музичко училиште…
На аудицијата за новата сезона на Ѕвездите на Гранд што се одржа во Тузла, присутните беа изненадени од едно ново, но ним добро познато лице – Данијел Јовановиќ, посинокот на Саша Поповиќ односно синот на Сузана од претходниот брак, сега е во улога на оној што ќе ги препознава идните музички ѕвезди.
Данијел, кој пораснал под грижа на Поповиќ и го смета за свој вистински татко, со години работи зад сцената во „Гранд“. Тој е мајстор за тонска продукција, свири клавир и гитара, и стои зад голем број подготовки за настапите во шоуто.
Поврзани објави
Кога видовме дека го влече музиката, го префрливме во музичко училиште. Тоа беше вистинскиот пат за него“, изјави Саша пред неколку години, нагласувајќи го својот татковски однос кон Даниел.
По венчавањето со својата долгогодишна љубов Тијана, на кое присуствуваа и Саша и Александра, Даниел уште повеќе се вклучи во продукцискиот тим. Сега, со нова одговорност, докажува дека понекогаш семејството не се мери по крвта, туку по љубовта и поддршката.
printskrin Youtube-Zvezde Granda