Table of Contents
Искусен слаткар открива кои се неговите омилени три торти и како се приготвуваат
Овие посни торти се совршениот избор за Свети Никола. Па доколку се спремате за слава, задолжително пробајте некој од овие три рецепти…
1. Посна торта со лешници
За кората:
- 300 г посни мелени бисквити
- 250 г маргарин
- 250 г шеќер во прав
- 1 чаша газиран сок од портокал
- 100 г мелени лешници
- 100 г суво грозје
За филот:
- 3 пудинга од ванила
- 600 мл вода
- 400 г шеќер
- 250 г маргарин
- 100 г посно чоколадо
- 100 г мелени лешници
- 200 г сечкани желе-бонбони
За украсување:
Приготвување:
Добро замесете ги мелените бисквити со маргаринот, шеќерот во прав, газираниот сок од портокал, лешниците и сувото грозје.
Потоа, сварете пудинг од ванила во 600 мл вода со шеќер, па поделете го филот на два дела. Во едниот дел додајте чоколадо и мелени лешници, а во другиот желе-бонбони.
Распоредете ја смесата од мелени бисквити на плех, па преку тоа нанесете ги филовите и украсете со шлаг одозгора.
2. Посна „реформа“ торта
За кората:
Поврзани објави
- 250 г мед
- 250 г шеќер
- 2 шолји кисела вода
- 2 шолји масло
- 1 плочка посно чоколадо
- 1 лажиче сода бикарбона
- 27 лажици брашно
За филот:
- 20 лажици шеќер
- 2 чаши вода
- 4 плочки посно чоколадо
- 400 г ореви
- 2 лажици брашно
Приготвување:
Измешајте ги сите состојки за кората и испечете 4 парчиња. Сварете го шеќерот со водата, додајте чоколадо и на крајот, сипете ги оревите со брашното. По филувањето, украсете ја тортата со мелени ореви.
3. Празнична торта
За кората:
- 5 дл кисела вода
- 2 дл масло
- 250 г шеќер во прав
- 150 г ореви
- 300 г брашно
- 1 и пол кесичка прашок за печиво
- 3 лажици џем од кајсија
За филот:
- 1 л негазиран сок од портокал
- 3 пудинга од ванила
- 3 лажици густин
- 10 лажици шеќер во прав
- 375 г маргарин
- 100 г желе-бонбони
- 100 г посно чоколадо
- 100 г ситно сечкани ореви
Приготвување:
Измешајте ги сите состојки за кората и испечете 3 парчиња. Сварете пудинг од ванила со сок од портокал, густин и шеќер во прав. Кога ќе се олади малку, додајте маргарин и добро соединете.
Потоа, поделете го филот на три еднакви дела – во едниот додајте чоколадо, во другиот желе-бонбони, а во третиот ореви. Можете да ја украсите тортата со шлаг или по желба.
ФОТО: Unsplash