По разводот од поранешната сопруга, Хју Џекмен се појавил во јавност со ќерката и синот
Австралискиот актер Хју Џекмен неодамна се развел од сопругата Дебора-Ли Фернес и му се посветил на спортот. Веќе со денови ужива на плажата Бонди во Сиднеј и времето го користи за пливање и враќање во кондиција.
Не се знае каде живее Џекмен моментално, но тој и неговата сега веќе поранешна сопруга, Дебора-Ли Фернес, во 2015 година купиле пентхаус вреден 5,9 милиони долари во Северен Бонди.
Тие двајца завршиле на насловните страници на сите медиуми во септември 2023 година кога објавиле дека се разведуваат по 27 години брак.
„Благословени сме што заедно делевме речиси три децении како маж и жена во прекрасен брак полн со љубов“, откриле тогаш во заедничка изјава.
Поранешните сопружници се запознале на сетот на австралиската ТВ-драма „Корели“ во 1995 година, а се венчале наредната година. Имаат две посвоени деца: Оскар Максимилијан Џекмен (24) и Ава Елиот Џекмен (19).
Дебора и Џекмен не биле поштедени од трачовите кои тврделе дека Хју е хомосексуалец и дека неговиот брак е само параван.
Поврзани објави
Хју Џекмен и неговата поранешна сопруга во соопштението за разводот истакнале дека грижата за децата ќе продолжи да им биде главниот приоритет. Нивниот развод ја шокира јавноста, иако подоцна се дознало дека подолго време имале проблеми во врската.
Хју Џекмен и Дебора во 2000 година го посвоиле синот Оскар. Актерот открил дека по тоа „сета болка во неговото срце, едноставно, се стопила“.
По низата неуспешни обиди за вештачко оплодување, тој ѝ кажал на сопругата дека треба да посвојат дете, бидејќи долго размислувале за тоа. Прашале каде постои најголема потреба од посвојување и дознале дека најзасегнати се децата со мешовита раса.
„Кога син ми беше помал, дозна дека по потекло е Босанец, па отидовме таму и купивме хрватско/босански готвач. Тој беше толку горд што го носеше секаде со себе кога имаше седум години“, раскажала Дебора во 2020 година.
Поранешната двојка во 2005 година посвоила девојче кое се родило истата година.
Хју сега е во врска со својата колешка од ТВ-серијата „Музичар“, Сатон Фостер, која во октомври поднела барање за развод од својот сопруг Тед Грифин со кого била 10 години во брак.
ФОТО: Инстаграм @thehughjackman, @legendsofhrs