Почетна Убавина и здравјеСе дозна зошто пејачката и холивудскиот заводник раскинале по 9 години љубов! – Убавина и здравје

Се дозна зошто пејачката и холивудскиот заводник раскинале по 9 години љубов! – Убавина и здравје

од nenad
2 минути читај за

Кејти Пери и Орландо Блум раскинале по 9 години врска – оддалеченоста и стресот им пресудиле, но ќерката Дејзи останува нивен приоритет

Кога престанале постојано да раскинуваат и да се смируваат, пејачката и актерот добиле ќерка и го стабилизирале односот, но сепак, нема да остарат заедно. Извори блиски на поранешната двојка велат дека на Кејти Пери не ѝ било лесно последните месеци.

Разделување по 9 години

Американските медиуми со денови пишуваат дека поп-ѕвездата Кејти Пери и британскиот актер Орландо Блум раскинале по девет години врска, а сега се дозна и причината.

Двојката се свршила во 2019 година и ја одложила венчавката закажана во Јапонија поради пандемијата, а во 2020 ја добиле ќерката Дејзи Дав.

Зошто раскинале?

Според извор близок на двојката, раскинале пријателски, Кејти била вознемирена, но ѝ било полесно што немало дополнителни драми.

Долго време им било напнато – со месеци живееле одвоено, особено од моментот кога Кејти започнала турнеја.

Оддалеченоста била клучниот проблем – нивните кариери честопати ги разделувале, што довело до тензија.

Иако со години биле свршени, никогаш не го одредиле датумот на венчавката.


Поврзани објави

Ќерката им е приоритет

Поранешната двојка останала во контакт поради ќерката Дејзи. Орландо дури и ја одвел ќерка им да ѝ се придружи на Кејти на турнејата, пред да замине во Европа каде што требал да присуствува на венчавката на Џеф Безос и Лорен Санчез.

Нема шпекулации за прељуба

Иако претходно кружеле трачови дека Блум бил неверен, овој пат тоа не е причината за раскинувањето. Кејти и Орландо биле заедно од 2016 година кога се запознале на забавата по доделувањето Златни глобуси. На почетокот раскинувале повеќепати, но по раѓањето на ќерката врската им била стабилна.

Тешки денови за Кејти Пери

Раскинувањето се поклопило со лош период за пејачката. Нејзиниот повратнички албум „143“ не го постигнал очекуваниот успех. Поради тоа, Кејти била фрустрирана и под стрес. Орландо имал разбирање, но и тоа предизвикувало напнатост во односот.

Последните заеднички појавувања

Последен пат биле видени заедно во март на забавата на магазинот „Венити фер“ по Оскарите. Неодамна Орландо ја однел ќерка му во Австралија за да биде со мајка ѝ, но не биле фотографирани заедно.

ФОТО: Инстаграм