Почетна Убавина и здравјеСЕ ВЕРУВА ДЕКА ДЕВОЈКИТЕ КОИ ГО НОСАТ ОВА ИМЕ СЕ МНОГУ МУДРИ

СЕ ВЕРУВА ДЕКА ДЕВОЈКИТЕ КОИ ГО НОСАТ ОВА ИМЕ СЕ МНОГУ МУДРИ

од nenad
1 минути читај за

Едно име е популарно сто години. Родителите го избираат за своите ќерки, па затоа земете го во предвид при изборот на име за вашето девојче.

Женското име Софија е најпопуларно во 20 земји во светот. Се изговара исто на сите јазици и во дури 20 земји е меѓу трите најчести имиња што родителите ги избираат за своите ќерки. Лаура Ватенберг, експерт за имиња од Америка, истакнува дека Софија е најзастапена во Италија, Мексико, Русија и Америка. „Неверојатно е што на толку многу различни јазици и во толку многу различни култури едно име звучи исто“, рече Лаура Ватенберг.

Мексико, Русија, Аргентина, Италија, Швајцарија, Естонија, Чиле и Словачка се земјите каде родителите најчесто го избираат името Софија за своите девојчиња. Софија на грчки значи мудрост, а тајната на популарноста на ова име делумно лежи во тоа што истото се изговара на различни јазици. Некои ја поврзуваат неговата популарност со познати дами како Софија Вергара, Софија Лорен и Софија Ричи.