Почетна ЕкономијаМЗШВ: Договори за 54 здруженија во вредност од 10.094.050 денари за поддршка на локални манифестации

МЗШВ: Договори за 54 здруженија во вредност од 10.094.050 денари за поддршка на локални манифестации

од nenad
1 минути читај за

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски, денес во зградата на Министерството додели договори на 54 здруженија, во вкупна вредност од 10.094.050 денари, наменети за промотивни дејности во областа на земјоделството и руралниот развој во нашата земја, конкретно за организирање на локални настани и панаѓури.

“Нашата цел како Министерство е да ги поттикнеме здруженијата да организираат повеќе локални манифестации, саеми, фестивали каде што нашите македонски производи ќе се промовираат.”

Министерот при доделувањето на договорите нагласи дека “Освен храната, ќе можат да се истакнат и малите фарми, производителите, задругите. Токму ваков вид на настани ќе ја придвижат и домашната економија.”

Според соопштението од МЗШВ, Трипуновски истакна дека манифестациите ќе ги опфатат сите региони на земјата, бидејќи секој дел од Македонија има свој уникатен и препознатлив белег.

“Традиционалната храна да ја доближиме до помладите, само така ќе ја сочуваме нашата автентичност и препознатливост,” изјави министерот Трипуновски.

При своето обраќање, министерот додаде дека преку одржувањето на локалните манифестации, фестивали и панаѓури, домашните производи ќе можат да бидат дегустирани и од туристите, со што ќе станат познати и во други земји.

“Да работиме заедно, сплотено, да бидеме препознатливи во регионот и светот по квалитетната македонска храна,” порача тој.

Фото: МЗШВ