Дури и најблиските ги мешаат – пејачките имаат ист стил, исто лице и сличен пат до славата…
Се чини дека секој човек има двојник, а балканската сцена го доби својот најславен пример – Дијана Михајловиќ изгледа речиси идентично како нејзината колешка Катарина Грујиќ. Фановите често се збунуваат, а Дијана сè почесто се соочува со коментари:
„Кате, ти ли си?“
Дијана е родена во Русија во 1996 година, а живее во Смедерево. Како и Катарина, и таа ја започнала својата кариера преку Ѕвездите на Гранд, а подоцна настапувала по белградски кафани, сплавови и клубови. Нивниот стил, изглед и енергија се толку слични, што понекогаш дури ни пријателите не можат да ги разликуваат.
@diana.mihajlovic
Sta kazete? Ima li slicnosti?
Поврзани објави
♬ original sound – Stefan Lazić
И покрај постојаните споредби, Дијана не се вознемирува – напротив, на TikTok дури објави видео во кое со насмевка го потврдува тоа. За неа, ваквата сличност со позната колешка е само интересна анегдота од секојдневието.
Двете пејачки се и семејно исполнети – Катарина ужива во бракот со фудбалерот Марко Гобељиќ и нивната ќерка Катја, додека Дијана е мажена и има син. Случајност или судбина, но естрадата доби нов омилен „пар близначки“.
printskrin Youtube-Televizija E