18
Ова е класичен пример на селективност, но и огромна неспособност на Тошковски и МВР да го спроведат законот. Артан Груби треба да одговара пред законите на државата но заради неспособноста на Тошковски или пак скриен политички договор тоа не се случува.Во меѓувреме, ВМРО-ДПМНЕ од петни жили се обидува ова фијаско да го префли на СДСМ но таквите обиди се јалови. Ниту СДСМ е виновен што Груби не одговара ниту е одговорен за неговото бегство туку за тоа е виновен само Тошковски и МВР. Во меѓувреме се обидуваат со димни бомби и нови пораки на сеење страв да ги прикријат своите неуспеси на секое поле.