Почетна МакедонијаНајмалку 300 загинати во неколкунеделните протести во Бангладеш

Најмалку 300 загинати во неколкунеделните протести во Бангладеш

од nenad
1 минути читај за




Вкупниот биланс на загинати во судирите во Бангладеш се искачи на најмалку 300 луѓе, јавија западни медиуми. Во текот на вчерашниот ден загинаа 94 демонстранти, и тоа е најсмртоносниот ден во изминатите неколкунеделни антивладини демонстрации.

   

Извештаите на западните медиуми се засноваат на податоци од полицијата, официјални лица и лекари во болниците. Протестите треба да продолжат денеска во Дака каде има големи распоредувања на војници и полицајци кои патролираат по клучните патишта и поставуваат барикади до рутите до седиштето на премиерката Шеик Хасина.