Актерката Пријанка Чопра носи тетоважа на раката на која пишува „татино девојче“, иако целиот живот докажува дека е независна жена
Пријанка Чопра утре ќе го прослави својот 43. роденден опкружена со најсаканите личности на светот – со нејзиниот 11 години помлад сопруг Ник Џонас и ќеркичката Малти.
Брачната двојка Чопра-Џонас деновиве се наоѓа на Малта, каде што одмораат и го прославуваат роденденот на актерката. По тој повод, Пријанка споделила неколку фотографии на социјалните мрежи, на кои е опуштена, среќна, без шминка и со своите сакани.
Пријанка Чопра е доказ дека жената треба и мора да го слуша своето срце.
Еве кои се двете ситуации во кои Пријанка Чопра се послушала себе и ги занемарила коментарите на околината.
1. Кога одбирала партнер
Пријанка Чопра имала 18 години кога била прогласена за Мис на светот. Интересно е што истиот тој избор за Мис го следел и нејзиниот иден сопруг Ник Џонас, само што тој тогаш имал 7 години и седел пред телевизорот со својот татко.
Ник и Пријанка се запознале во 2017 на Мет Гала и меѓу нив веднаш се појавиле искри, а на 1 декември 2018 година се венчале во Индија.
Венчавката траела три дена и ја проследил целиот свет. Тие пронашле среќа еден покрај друг и покрај разните приказни на злобниците дека не си одговараат како пар.
Со оглед на тоа што Ник е ситен и помлад, а Пријанка е физички покрупна и повозрасна од него, медиумите за нив често пишуваа дека повеќе личат на мајка и син отколку на брачна двојка. Сепак, тие никогаш не им обрнале внимание на ваквите коментари.
Поврзани објави
2. Кога добила ќерка
Кога двајцата браќа на Ник Џонас добиле деца, а тој сè уште немал ниедно, сите шпекулирале дека неговата постара жена не може да роди дете. Ниту Ник ниту Пријанка не ги коментирале овие тврдења во медиумите и не ни зборувале за деца.
Таа го придружувала својот сакан на турнеите, и тој неа на фестивалите – јавно покажувајќи дека нивната љубов е силна како карпа. А потоа пристигна веста дека добиле ќерка Малти, со помош на сурогат-мајка.
Јавноста ова го сфати како знак дека Пријанка не можела да остане бремена, па побарала помош од сурогат-мајка, но нејзиното образложение ги шокирало сите: „имаме исклучително густ работен распоред – често сме физички разделени.“
Сопружниците соопштиле дека физички не можеле да најдат време да зачнат бебе, кога Пријанка била во овулација.
Иако оваа вест предизвикала низа огорчени реакции во јавноста, Пријанка повторно си го слушала своето срце и уживала во мајчинството на свој начин.
„Згодните жени доаѓаат од Индија“, знае да се пошегува Пријанка Чопра, а благодарение на нејзините ставови и избори, ни би додале и: „Психички силните жени доаѓаат од Индија!“
ФОТО: ИНСТАГРАМ