Почетна Убавина и здравје10 работи што треба да ги направите пред да одите на одмор – Убавина и здравје

10 работи што треба да ги направите пред да одите на одмор – Убавина и здравје

од nenad
1 минути читај за

Време е за одмори, патувања и релаксација. За жал, може да е и време на немили настани, како што се провални кражби, пожари и пукање на цевки.

За да ја намалите можноста да ви се случат слични непријатности, прочитајте ги нашите совети:

1 Затворете ја добро водата пред да заминете на патување.

2 Проверете дали сте го затвориле гасот.

3 Не оставајте ги прозорците полуотворени.

4 Ако живеете во куќа, проверете дали правилно сте ги затвориле подрумските простории.

5 Не оставајте порака на телефонската секретарка дека сте на пат и пренасочувајте ги повиците кон вашиот мобилен телефон.

Поврзани објави

6 Не објавувајте на социјалните мрежи информации дека одите на патување.

7 Оставете ги своите вредни предмети и готовина во банка.

8 Сензорното осветлување може да ги исплаши кратците и да го осветли пристапот до куќата или станот.

9 Побарајте од доверливо лице периодично да го посетува вашиот дом, да ги вклучи светлата и да ги подигне ролетните. За секој случај, нека го испразни и вашето поштенско сандаче.

10 Обезбедете здравствено патничко осигурување и одморете се без непотребни грижи.

Текст и фото: ПР