Почетна Убавина и здравјеСаканиот ѝ честита со емотивно видео од нивни заеднички моменти – Убавина и здравје

Саканиот ѝ честита со емотивно видео од нивни заеднички моменти – Убавина и здравје

од nenad
1 минути читај за

„Најсреќен роденден жено моја најубава“, пишува во честитката на Инстаграм

Актерката Емилија Мицевска, која може да ја гледате во претставите „Падот на Масада“, „Кафез кај кокони“, „Мојот маж“, „Фамилијата Адамс“ и „Чудна случка со кучето во ноќта“, на репертоарот на Драмски театар, денес слави роденден.

Лавина од честитки ги преплави нејзините социјалните мрежи, но меѓу многуте убави желби, се издвојува онаа на нејзиниот сакан, фотографот и видеографот, Деан Стојковски.

„Најсреќен роденден жено моја најубава. Да си ми најсреќна и безгрижна!“, напиша тој на стори на Инстаграм и сподели емотивно видео од нивни заеднички моменти.

Инаку, Емилија и Деан пред два месеца го добија синот Давид и актерката редовно ги споделува своите мајчински искуства со своите следбеници на социјалните платформи.


Поврзани објави

Така, на почетокот од месецов таа објави прекрасна црно-бела фотографија и ги откри жртвите со кои секојдневно се соочува една мајка, но и  значењето што тие го имаат за најмалите.

Мислите како „Денес ништо не направив“, „Не стигнав да се средам“ и „Ми требаат 5 минути сама со себе“ ја измачуваат секоја мајка и знаат да предизвикаат гризење на совеста, но тие за децата имаат поинакво значење – „Фала ти што цел ден го помина со мене“, „Фала што ми ја облече најубавата облека“, „Фала што ме носиш секаде со себе“…

Објавата предизвика голем број позитивни реакции од други мајки, но и од девојки и мажи кои ја изразија својата поддршка со срциња во коментари.

ФОТО: ИНСТАГРАМ