Пејачката Гоца Тржан има кариера долга три децении, но никогаш не потпаднала под влијание на никакви пороци, за разлика од многу нејзини колешки.
Познато е дека пејачите поради природата на работата често доаѓаат во контакт со разни луѓе, но Гоца Тржан успеа да одолее на сите искушенија што ги носи животот на музичарот и не попушти пред ниту еден порок.
Иако почнала да настапува како многу млада девојка, таа истакнува дека никогаш не потпаднала под влијание на околината и не пробала алкохол, цигари или дрога.
Најдосадна сум. Никогаш не сум испила чашка алкохол и никогаш не сум пробала ниту една дрога. Луѓето до мене се дрогираа, се „пукаа“ во вена на снимањата, а јас никогаш во животот“ – откри таа.
Потоа додаде дека има презир кон тоа:
Поврзани објави
Имам сериозен презир кон тоа. Презирам сè што е поврзано со тоа, дури и алкохолот. Тоа го сметам за сериозна карактерна слабост“ – изјави Гоца.
Да потсетиме, поранешниот сопруг на Гоца, Иван Маринковиќ се лекуваше од алкохолизам, а моментално е во реалното шоу „Елита 8“.
Фото: printskrin Youtube/Televizija E
ПОВЕЌЕ ДЕТАЛИ ПОГЛЕДНЕТЕ ОВДЕ: