Младата ѕвезда реши да ја смени бојата на косата и да се откаже од епитетот фатална бринета…
Барбара Бобак долго време е црна, а нејзината долга коса врзана во опавче речиси стана нејзин заштитен знак. Сепак, пејачката одлучи дека е време за промени и реши да ги изненади своите обожаватели.
Пејачката се предаде на рацете на фризерката, а потоа резултатот го објави на својот Инстаграм. На почетокот многумина мислеа дека е фотошоп, но Барбара ги одврати:
Не грижете се, тоа не е фотошоп, само јас во мојата ера на Џесика Рабит“.
Поврзани објави
Бобак синоќа имаше веќе еден настап, а фановите кои се фотографираа со неа се пофалија со фотографиите со црвенокосата Барбара.
Младата пејачка последниве месеци станува се попопуларна, па не е чудно што до крајот на сезоната ќе има речиси 40 настапи и ќе заработи повеќе од 200 илјади евра.
Фото: Инстаграм
ПОВЕЌЕ ДЕТАЛИ ПОГЛЕДНЕТЕ ОВДЕ: