Зошто Хавиер Бардем и Пенелопе Круз веќе не се појавуваат заедно во јавност?
Пенелопе Круз и Хавиер Бардем го чуваат својот семеен живот далеку од очите на јавноста. Но понекогаш се случува по нешто меѓу нив што или ја воодушевува или ја загрижува јавноста. Така беше кога Пенелопе Круз била видена како танцува со Бјанка Цензори на нејзиниот 30-ти роденден.
На сите им беше чудно што Бјанка и Пенелопе со толку блиски, а нивната блискост можеше да се согледа од нивниот чуден танц.
По сето ова, сите почнаа да коментираат дека Пенелопе се вљубила во Бјанка и дека нејзиниот брак со Хавиер е завршен. Актерската двојка се нема огласено, но во меѓувреме, Бардем дал интервју во кое открил неколку детали од семејниот живот.
Тој се фокусирал на своите деца:
„Сега кога имам две деца, свесен сум колку е важно да се биде присутен. Понекогаш и премногу сме присутни во нивните животи.“
Од друга страна, и Пенелопе со многу љубов зборувала за децата, откривајќи колку ужива во тоа што е мајка:
„Најрадикалната промена што сум ја доживеала некогаш е тоа што станав мајка. Во тој момент, животот се менува неверојатно многу, многу повеќе одошто со кое било друго искуство. Мајчинството е приоритет во мојот живот.“
Поврзани објави
Со оглед на тоа што малку зборуваат за нивниот однос, а повеќе се фокусираат на децата и родителството, многумина се сомневаат дека тие се заедно само поради децата.
Да се потсетиме на нивната љубовна приказна…
Пенелопе Круз имала само 16 години кога го запознала Хавиер Бардем. Тие го снимале филмот „Шунка, шунка“, во кој морале да снимат неколку љубовни сцени.
Кога наполнила 20 години, се преселила во Њујорк за да студира англиски јазик и балет. И таа и Хавиер тогаш биле во врска со славни колеги, а најголемо внимание привлекувала нејзината врска со Том Круз.
Но животот си го направил своето и повторно ги споил на филмскиот сет, кога Вуди Ален ги поканил да глумат во филмот „Вики, Кристина, Барселона“.
Хавиер во едно интервју признал дека го мачеле некои сомнежи и дека се двоумел на почетокот, особено откако снимиле сцени со жестоки расправии. Пенелопе глумила неодолива и страсна жена, која толку го импресионирала што почнал да се прашува дали посакува таква жена покрај себе и во реалниот живот.
Потоа, славната двојка организирала скромна и интимна венчавка, за која не се знае ништо освен дека се одржала на Бахамите во куќата на Џони Деп.
„Животот се промени. Созреавме. Сѐ е различно кога сте семејство. Тоа е приоритет, како што и треба да биде. Ние не сме исклучок. Се трудиме колку што можеме, но сфаќаме и дека трудот во односот зависи и од потребите што ги имаме обајцата. Важно е да не ве збуни фикцијата. Фикција е фикција, реалноста е друга приказна“, рекол Хавиер пред неколку години за магазинот Vulture.
ФОТО: Инстаграм