Задржете ја вашата боја свежа – а вашата коса свилеста, блескава и мазна.
Дали ја бојадисувате косата повеќе години отколку што можете да се сетите? Се впуштате во возбудливиот свет на живописни бои? Во овој случај, никогаш не е прерано или предоцна да ја заштитите вашата инвестиција во бојата на косата.
Доколку сакате вашата кожа да остане здрава и по новата фризура внимавајте на следното:
1. Користете заштита од топлина
Состојките во спрејовите за заштита од топлина го намалуваат оштетувањето. Затоа, секогаш пред користење предмет за стилизирање на косата, употребете заштита.
2. Користете маски за коса
Само 5-10 минути, два пати неделно од третман со соодветна маска може да додадат супер доза на лековита храна која помага да се поправат оштетувањата, да се зголеми сјајот – и природно, да се задржи таа боја посилна подолго време.
Поврзани објави
3. Избегнувајте миење на косата во многу топла вода
Топлата вода ја оштетува косата и е еден од најголемите виновници за сушење на косата. Не можете да ја избегнете топлината, но можете да ја измиете косата на млака температура за да го намалите оштетувањето.
4. Намалете го сушењето со фен
Топлина од фен, пегли за исправување и виткање не само што можат да ја оштетат косата, туку и придонесуваат за поголема загуба на влага и загрозување на сјајната боја.
5.Хранете се здраво
Убавината започнува одвнатре затоа исхраната богата со риба како лосос и скуша ќе ја нахрани вашата коса со омега-3 масни киселини, правејќи ја сјајна и силна. Додадете малку ореви и добијте витамин Е за да помогнете во борбата против сувата и кршлива коса после бојата.
Фото: Freepik.com