Почетна МакедонијаКрстот мораме да го носиме до крај, дури и да попуштаме, макар и да ползиме, но без тој крст нема спасение, ниту живот

Крстот мораме да го носиме до крај, дури и да попуштаме, макар и да ползиме, но без тој крст нема спасение, ниту живот

од nenad
1 минути читај за




Нема живот без искушенија, нема права линија низ нашите земни дни, таа линија постојано се движи горе-долу, од паѓање во калта, до издигнување до ѕвездите. Па, никој никогаш не ни кажа дека ќе ни биде лесно, удобно, дека ќе биде фер.

Крстот мораме да го носиме до крај, дури и да попуштаме, макар и да ползиме, но без тој крст нема спасение, ниту живот. Не мора да биде лесно, за да биде пријатно и убаво.
Нема човек без крст, зашто самиот човек претставува крст!Па сепак, да не заборавиме, на Голгота биле три… Само еден бил спасоносен.. Кој крст го бираме?

Крстовден е празник кој ни покажува што ние немаме денес. Ние го немаме искуството на светост, туку само дрвото на страдањето. И можеби секое утро се запрашуваме: „Кој крст да го ставам денес… Дали помалиот или оној поголемиот?“
Знај – секој ден е Божји ден. Христос и денес те носи и тебе, и мене, и целиот свет на Неговиот грб.
Крсте Дуковски