Почетна Убавина и здравјеСте доживеале ли оргазам за време на спиење? Зошто се случува тоа?

Сте доживеале ли оргазам за време на спиење? Зошто се случува тоа?

од nenad
1 минути читај за



Иако звучи чудно и збунувачки, сепак експертите тврдат дека оргазам за време на спиењето е многу честа појава.

Ова задоволство се случува ако сонувате нешто сексуално и често е инстинктивна реакција на силна сексуална желба. Не е ниту лошо ниту штетно за телото. Дури и во сон, оргазмот помага да се ослободи напнатоста и спречува стагнација на крв во карлицата.

Искуството е различно кај секого. Некои луѓе чувствуваат наплив на допамин после сексуален сон, додека други може да почувствуваат како телото се грчи.

Околу 40% од жените доживуваат оргазам за време на спиењето во одреден период од нивниот живот. Овој феномен најчесто се јавува на возраст од 40 до 50 години. Што се однесува до мажите, дури 80% од посилниот пол доживуваат оргазам во сон. Но, тоа најмногу им се случува до 30-тата година од животот.


Поврзани објави

Зошто доаѓа до оргазам во сон?

Понекогаш причина се соништата, но може да се појави и за време на периоди на стрес и напнатост кога мозокот е претерано стимулиран или ако има недостаток на сексуална активност. Често се поврзува и со потребата на телото да ги исполни своите природни потреби. Потсвеста се обидува да го реши проблемот на овој начин.

Иако ова е природна состојба, можеби постои желба да се избегне. За да го направите ова, можете да се обидете да се истуширате со ладна вода пред спиење.

Фото: Freepik.com